Конфекција

 

Произведуваме со јуки машини и тоа: оверлок, ибердек и други специјални машини за покомплицирани штепови за изработка на специјални спортски артикли. Условите за конфекционирање се по најнови прописи и стандарди, опремени со промена на свеж воздух и вградени клима уреди. Ги исполнуваме сите услови за рационално, ефикасно и професионално производство. Производството е организирано во една смена со цел да се постигне врвен квалитет кај спортските артикли.

Оваа конфекција е исклучиво наменета за спортска опрема. Основните материјали за овие артикли се од увозно потекло. Поголем дел од материјалите ги увезуваме од Италија. Материјалите кои ги употребуваме се специјално изработени и се соодветни за добивање на извонреден спортски производ.